Скопје

Пожар зафати две бараки синоќа во Драчево, нема повредени

31.01.2024 09:13

Противпожарната бригада интервенирала со девет противпожарни возила и 25 пожарникари...

Две бараки на улицата „Бранко Заревски“ во Драчево синоќа беа зафатени со пожар. Противпожарната бригада интервенирала со девет противпожарни возила и 25 пожарникари.

По интервенција на пожарникарите беше локализиран. Нема повредени, но причинета е материјална штета. Пожарот избувнал на кровна конструкција од барака.