Нетанјаху одби да се повлече од Газа
САД во голема мера ги поддржуваат целите на Израел во војната, но во истовреме има силен интерес да ја прекине војната што предизвика регионална нестабилност и ги подели демократските гласачи во изборна година...

Се продлабочува јазот меѓу Израел и Хамас. Нетанјаху одби да се повлече од Газа, и да ослободи неколку илјади палестински затвореници како што побара Хамас. САД во голема мера ги поддржуваат целите на Израел во војната, но во истовреме има силен интерес да ја прекине војната што предизвика регионална нестабилност и ги подели демократските гласачи во изборна година.
Сметаат дека предлогот на маса е многу силен.
„Веруваме дека тоа е предлог што ќе доведе до одржлива пауза во борбите и враќање заложниците, затоа се надеваме дека ќе биде прифатен и спроведен“, изјави Мет Милер -портпарол на Стејт департментот.
Шефовите на американските, израелските и египетските разузнавачки служби и катарскиот премиер подготвуваат план за прекин на израелско-палестинскиот конфликт. Скандалот со финансирањето на УНРВА и натаму во центарот на вниманието.
