Македонија

Утре започнува исплатата на јануарските пензии

31.01.2024 09:35

Покрај пензиите, пензионерите со пониски пензии сè уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари...

Исплатата на јануарските пензии почнува утре. Покрај пензиите, пензионерите со пониски пензии сè уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари.

За два месеци се очекува и нивно зголемување, иако не се знае точниот процент. Зголемување на пензиите се врши системски, два пати годишно, во март и септември.