Тексас

Тексас- камен на сопнување во предизборието

31.01.2024 09:36

Безбедноста на границата во Тексас – главен изборен проблем. Гувернерот на Тексас Абот, по секоја цена се обидува да ја обезбеди границата поради мигрантите

Безбедноста на границата во Тексас – главен изборен проблем. Републиканците бараат гласање за импичмент на секретарот за внатрешна безбедност, Алехандро Мајоркас за, како што велат, неговото „намерно и систематско“ одбивање да ги спроведе законите за имиграција.

Бајден и неговата администрација направија катастрофа на границата, сите го знаат тоа. Веќе девет месеци се обидуваме да ја поправиме штетата што ја направија. Претседателот одби да дејствува“, изјави Мајк Џонсон - претседател на домот на Републиканската партија.

Демократите со критики за барањето импичмент.

„Ако сме сериозни за безбедноста на границите, за реформите за имиграција, постојат начини и можности да го направиме тоа. Тоа е сосема поинаку од лажните импичмент, изјави Пит Агилар - претседател на демократската група.

Гувернерот на Тексас Абот, по секоја цена се обидува да ја обезбеди границата поради мигрантите, додека Врховниот суд пресече да се отстрани жичената ограда. Најавени се и протести.