Сообраќај

МВР: 352 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на цела држава

31.01.2024 11:22

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 352 санкции за сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

При контролата, санкционирани се 29 возачи поради бесправно управување на возилото, 66 возачи не користеле сигурносен појас, а 47 користеле мобилен телефон при возење.

На вонреден технички преглед биле упатени 22 возила, а кај девет биле констатирани технички неисправности, стои во соопштението.