МВР

Приведено лице за предизвикување на општа опасност во демирхисарско

31.01.2024 11:25

На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с. Суводол, демирхисарско...

На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с. Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с. Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с. Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф.

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.