Босанска Посавина опседната од роеви комарци

10.06.2014 14:13

Првото прскање против комарци е неуспешно...

По прскањето во Посавската жупанија (БиХ) во петокот, бројот на комарци не се намалил. За да се спречи појава на заразни болести тоа ќе мора да се повтори, бидејќи, според изјавите на премиерот на  тамошната жупанија Маријан Оршолиќ, прскањето не било адекватно.
 
Роевите комарци во неодамна поплавената Посавска жупанија, во моментов се еден од најголемите проблеми заради опасноста од заразни болести. Има големи бари во кои поради високите температури има идеални услови за размножување на комарци и на други инсекти. Водата сеуште не се повлекла во местата Копаонице, Кострч, Долна Махала, Толис, Домалјевац, Оџак и др.
 
Властите стравуваат за жителите поради лошите здравствени услови.
 
 
Соња Стојановска