Енергетика

Бектеши: Да се пријави ако има грешка во сметките за струја

31.01.2024 13:41

Министерот за економија, Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок, за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите што се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.

Ако сметките за струја се превисоки, граѓаните да пријават во Регулаторната комисија за енергетика. Министерот за економија Бектеши вели, цените во блоковите се транспарентно објавени, до први јули нема да има измена. Министерот најави и ваучери за инвертер-клими.

Борис Грујоски известува