Петмина осомничени за случајот „Онкологија“, Обвинителството отвори истрага
Обвинителството отвори истрага против петмина вработени на скопска Онкологија. Од нив двајца се поранешни директори, медицински и организациски, а опфатени се и тројца лекари. Екс-менаџерот Нино Васев е осомничен дека склучил 7 незаконски договори за купување на лекови без согласност од ФЗОМ...

На терминално болни луѓе од канцер им се препишувала терапија повеќе отколку што им треба. Некогаш по една до две, а некогаш и по осум ампули од скапиот лек. Каде завршувале треба да утврди истрагата. Првичната штета се проценува на 30 милиони евра. Обвинителството отвори истрага против петмина вработени на скопска Онкологија. Од нив двајца се поранешни директори, медицински и организациски, а опфатени се и тројца лекари. Екс-менаџерот Нино Васев е осомничен дека склучил 7 незаконски договори за купување на лекови без согласност од ФЗОМ.
Засега не е потврдено дека онколошката терапија се препродавала на црниот пазар во Косово и во Албанија, но истрагата е отворена за да се утврдат сите факти. Министерот за здравство Меџити вели – немал сознанија што се случува, но ќе соработува со истражителите.
Доказите се обезбедени од околу 40 сведоци и од увид во повеќе од 25.000 медицински истории.
На барање на Обвинителството Кривичниот суд на поранешните директори им ги одзема пасошите и им наложи редовно да се јавуваат во судот. Додека трае истрагата Васев нема да оди на работа. За тројцата лекари-помагачи не се побарани мерки за обезбедување на присуство.
Анита Димитријевска-Велковска
