Кај 25- годишна девојка е извршена 500-та трансплатација на бубрег
Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени на Клиниката за урологија. Над 100 пациенти чекаат на листата за трансплантација на бубрег од починат донатор...

25- годишна пациентка, којашто во декември добила здрав бубрег е 500 пациентка на која ѝ е извршена трансплантација. Лекарите велат продолжуваат понатаму, оттогаш се направени уште две пресадувања.
Пред 10 години е возобновена кадаверчната трансплантација. Освен македонски државјани, лекарите спасуваат живот и на пациенти од странство.
Првиот човек на урологија, вели дека ова не е заслуга само на лекарите од оваа клиника, туку и на неговите колеги од Нефрологија, Анаестизиологија и реанимација, Трансфузлолигија.
Пред десет години македонските лекари според бројот на направени успешни трансплантации биле рангирани на деветто место во светот, на петто место во Европа.
Наташа Јанчиќ Менковски
