Македонија
Нема лек за корупцијата, ако не се сменат надлежностите на ДКСК
31.01.2024 14:59
Од 56 иницијативи на Антикорупциска, нема ниту една кривична пријава ни обвинение. Мандатот на овој состав завршува на 8-ми февруари...

Нема лек за корупцијата во државава ако не се смени нешто во надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, велат членовите на антикорупциска на завршување на нивниот 5-годишен мандат. Од над 5.200 покренати предмети, и 56 иницијативи за кривично гонење, само еден завршил на суд.
Антикорупциска регистрирала случаи на корупција на избрани функционери, но нема можност за казнување на сторителите туку само да укаже до Јавното обвинителство или Владата.
За време на нивната работа, до Антикорупциска биле упатени јавни напади, на кои членовите јавно одговориле.
Ирина Гелевска
