Пожарникарите до три часот изутрина гаснеле запалени бараки во скопско Драчево
Пожар во скопско Драчево, избил вчера околу 18 часот. Интервенцијата ја извршиле со 8 противпожарни возила и 30 пожарникари...

„Почувствував непријатна миризба на чад, излегов на терасата и видов дека гори куќата на соседот веднаш до мене. Од пламените јазици беше зафатена уште една барака“. Вака сведочи за Македонската телевизија првиот сосед на семејството, чија барака целосно изгоре во пожар во населба Драчево. Пожарот избил вчера околу 18 часот за целосно да биде изгаснат во 3 часот изутрина.
Во гаснењето на пожарот во скопско Драчево биле ангажирани 8 возила и 30 пожарникари.
Од Црвениот крст ги затекнавме на локацијата за да се информираат каква потреба од помош им е неопходна на семејствата чии бараки се опожарени.
Допрва ќе се прави проценка на штетата и ќе се утврдуваат причините за пожарот.
Александра Спировска
