Прва награда и признание од ЗНМ за новинарите Топалова и Пушевски
Прва награда и признание од ЗНМ за новинарите од Македонската телевизија. Катерина Топалова освои првото место на новинарскиот конкурс – Справување со загадувањето на воздухот во Македонија. Мартин Пушевски - доби признание за новинарски производ на оваа тема...

Треба да бидеме многу погласни во оваа борба со загадувањето, бидејќи никој од нас не е привилегиран и сите го дишеме истиот воздух. Став на нашата колешка, новинарка во Македонската телевизија, Катерина Топалова која го освои првото место на новинарскиот конкурс на Здружението на новинари на тема – Справување со загадувањето на воздухот во Македонија.
Признание за новинарски производ на оваа тема доби и нашиот колега Мартин Пушевски. Како новинари имаме длабока одговорност да ги информираме граѓаните за овие критични прашања, бидејќи секојдневно ги сведочиме разорните влијанија на загадениот воздух врз нашето здравје и животната средина, истакна претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски.
Конкурсот во организација на Здружението на новинари на Македонија е во соработка со програмата за развој на Обединетите нации и поддршка од Шведската амбасада во Македонија.
11 проценти од смртните случаи во Македонија на годишно ниво се препишуваат на аерозагадувањето, а ние со нашите стории не бараме помош од надлежните, туку едноставно да си ја работат својата работа во борбата со загадувањето и токсичниот воздух, истакнаа и останатите добитници на наградите, Тони Михаилов, Игор Стојанов и Ангела Петровска.
Марија Котовска
