Регион

ЕУ побара од Косово да ја одложи одлуката за забрана на српскиот динар

31.01.2024 17:20

Брисел бара доволно долг транзициски период кој овозможува изнаоѓање решение преку преговори. И Косовската претседателка Османи вели дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните.

Европската унија побара од властите во Косово да го одложат спроведувањето на одлуката за забрана за употреба на српскиот динар. Брисел бара доволно долг транзициски период кој овозможува изнаоѓање решение преку преговори. И Косовската претседателка Османи вели дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните.

„Одлуките на Централна банка на Косово се независни, a прописите што ги одобруваат се целосно во согласност со Уставот и законот“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

„Се разговара за повеќе опции кои, од една страна, би го почитувале Уставот, но од друга страна, ќе им остават време на граѓаните да се информираат и да се префрлат на нови сметки на начин за да може да се спроведе без никакви проблеми и со целосна поддршка од сојузничките земји“, рече Вјоса Османи, претседател на Косово.

Од утре во Косово стапува во сила новата Регулатива за готовински трансакции, според која ќе се користи само еврото. Уредбата предизвика негативни реакции кај косовските Срби, кои примаат исплати од Република Србија во динари. Српскиот претседател Вучиќ денеска на средба со Квинатата.