ЕК предложи низа мерки за помош на европските земјоделци
Француски фармери сè уште ја блокираат главната пристапна точка до Париз со трактори. Оклопни возила и полиција се распоредени за да ги спречат да се приближат до француската престолнина. Некои демонстранти се заканија дека ќе тргнат кон Белгија.

Европската комисија предложи низа мерки за помош на европските земјоделци со кои би се намалил притисокот и ќе се заштити европското земјоделство од увозот и конкуренцијата од трети земји.
„Комисијата верува дека со преземање на оваа стабилизирачка акција, можеме да помогнеме во ублажувањето на притисокот што знаеме дека нашите земјоделци го чувствуваат за да се осигураме дека тие можат да останат економски одржливи во овие времиња на висока неизвесност“, изјави Марош Шефчовиќ, потпретседател на Европската комисија.
Француски фармери сè уште ја блокираат главната пристапна точка до Париз со трактори. Оклопни возила и полиција се распоредени за да ги спречат да се приближат до француската престолнина. Некои демонстранти се заканија дека ќе тргнат кон Белгија.
За утре во Германија пак, најавени блокади на авионскиот сообраќај, во ек на работнички протести низ земјата.
