Продолжуваат протестите на земјоделците во Франција, блокадите сè поблиску до Париз
Продолжија протестите на земјоделците во Франција поради ниските примања и регулативите за заштита на животната средина. Блокирани автопатиштата околу Париз…

Премиерот им вети на земјоделците во вторникот „да бидат таму“ за да одговорат на нивната непријатност, а Брисел наведе отстапки, без нужно да ги убеди демонстрантите. Блокадите продолжуваат низ цела Франција и се поблиску до Париз. TF1 прави преглед на движењето. Земјоделците се приближуваат до Париз и пазарот Рунжис. Обидите на извршната власт да го смири нивниот гнев со ветувања и најавени мерки, очигледно нема ефект – напротив. Низ цела Франција, имаше околу 10.000 демонстранти кои сè уште држат повеќе од „100 блокади“, објави министерот за внатрешни работи.
„Треба да бидеме побројни да издржиме. Во секој случај не попуштаме за ништо.“
„Ќе расте, расте, расте ќе вари, ќе вари, ќе вари и тоа е тоа.“
Земјоделските претставници во моментот ги почитуваат правилата што им се дадени. Тие не се деликвенти, изјави утринава министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој сепак потсети на „црвените линии“. Владата „нема да дозволи“ земјоделците да го парализираат Париз и неговата околина. Така 15 лица беа уапсени во близината на Рунжис, каде сепак успеаја да пристигнат неколку трактори.
Оклопни возила на жандармеријата беа распоредени во вторникот вечерта на А6 на неколку километри од Рунжис, во близина на Шили-Мазарин (Есон), каде што се позиционирани трактори, без инциденти. На одредени блокади, ситуацијата стана малку напната во Ил-де-Франс.
„Ќе преговараме, и ако со преговори не нè пуштат да поминеме, ќе најдеме решение како поминеме. Ќе поминеме по која било цена!“
Земјоделците продолжуваат со својот напредок кон Лион, со цел да го блокираат вториот град во Франција. На тракторите им е забрането да влегуваат во градовите, па така земјоделците ги пуштија нивните деца на трактори да демонстрираат на плоштадот Клебер.
Премиерот Габриел Атал вети дека владата ќе одговори на земјоделската криза. Попладнево, министерот за земјоделство Марк Фесно во Брисел ќе има „серија на разговори насочени кон забрзување на европските итни случаи“.
Протестот кој започна во Германија заради покачувањето на таксите за земјоделското гориво, откако се разгори во Франција, сега се шири кон Шпанија, а Белгија како во Намур веќе ја забележа првата блокада, исто како и на дел од границата меѓу Франција и Белгија. Од двете страни на границите се протестира против увозот на производи од други земји и особено неевропски.
Синдикалните лидери уверуваат дека европските прашања не се решаваат така брзо, што барем засега не ги убедува земјоделците. А за утре во Франција се очекуваат нови протести покрај тие на земјоделците, најавениот штрајк во образованието и дел во јавниот превоз.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
