ГЕРМАНИЈА

Германските аеродроми од утре на штрајк

31.01.2024 20:13

Синдикатот „Верди“ повика на штрајк на персоналот за обезбедување на аеродромите за да се зголеми притисокот врз германската влада...

Од утре штрајкуваат германските аеродроми. Откажани се летови вклучувајќи го и најпрометниот во Франкфурт.

Синдикатот „Верди“ повика на штрајк на персоналот за обезбедување на аеродромите за да се зголеми притисокот врз германската влада за време на преговорите за платите.