мвр

137 санкционирани возачи во Скопје

01.02.2024 08:20

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.