ЗЕМЈОДЕЛСТВО

21,5 милиони евра за рурален развој

01.02.2024 08:24

Вкупно 21,5 милиони евра годинава ќе можат да се искористат за руралниот развој. Младите земјоделци за основање на сопствен бизнис ќе добијат грант, а финансиска поддршка е предвидена и за жените носители на земјоделско стопанство …

Годинава на земјоделци им стојат на располагање 21,5 милиони евра од Програмата за рурален развој.

Младите кои ќе почнат сопствен земјоделски бизнис ќе имаа право на субвенции за чија намена се предвидени 14,2 милиони денари. Поддршката може да се исплати во вид на аванс до 40 проценти од одобрениот износ, а остатокот по реализацијата на инвестицијата. За активен женски член на земјоделското домаќинство за градба, опрема и услуги можат да се добијат 360 илјади денари.

Вкупната поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 700 милиони денари и е неповратна помош за зголемување на дејноста на семејните стопанства. Тука спаѓа набавката на приплоден добиток, на пчелни матици, трактори, подигнување нови насади, силоси, бунари и за системите капка по капка. Останува и финансиската помош за воспоставување и одржување на задругите.

За учество на саеми и организација на промотивни настани во странство се предвидени 60 милиони денари.

За реализација на мерките од Програмата за рурален развој, Платежната агенција објавува отворени јавни повици, а еден барател може да користи пари од најмногу две мерки.

 

Методија Трајков