Англија
Девет лица повредени од корозивна супстанца во јужен Лондон
01.02.2024 08:41
Противпожарната бригада соопшти дека синоќа биле повикани поради хемиски инцидент на авенијата Лесар...

Девет лица, меѓу кои и деца, се повредени од „корозивна супстанца“ во Клапам, јужен Лондон, објавија британските медиуми. Противпожарната бригада соопшти дека синоќа биле повикани поради хемиски инцидент на авенијата Лесар.
Пожарникарите им пружиле итна помош на една жена и две деца. Лекарска помош им е укажана на девет лица, од кои пет се пренесени во траума центар.
Меѓу повредените има и тројца полицајци кои се обиделе да го уапсат мажот кој побегнал од местото на настанот.
