Вашингтон се залага за формирање независна палестинска држава
Вашингтон се залага за унапредување на мирот во Газа туркајќи решение со две држави пред посетата на американскиот државен секретар...

Вашингтон се залага за унапредување на мирот во Газа туркајќи решение со две држави пред посетата на американскиот државен секретар, Блинкен на Блискиот Исток. Од Стејт департментот нагласија дека тоа не е промена на политиката на САД.
„Активно го следиме формирањето на независна палестинска држава со вистински безбедносни гаранции за Израел, бидејќи веруваме дека тоа е најдобриот начин да се постигне траен мир и безбедност за Израел, за палестинците и за регионот“, изјави Метју Милер – портпарол на Стејт департментот.
Израелскиот премиер вели дека се прават напори за да се обезбеди ослободување на заложниците, но не по секоја цена.
„Работиме да постигнеме дополнителна рамка за ослободување на нашите заробеници, но нагласувам: не по секоја цена. Имам црвени линии-нема да ја завршиме војната, нема да ја отстраниме војската од појасот, и нема да ослободи илјадници терористи“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.
Борбите продолжуваат. Се уништува инфраструктурата на терористите додека хуманитарната криза останува во фокусот на меѓународната заедница.
