Шпанија
Вонредна состојба во Каталонија поради суша
01.02.2024 11:15
Каталонија се подготвува за вонредна состојба поради пресушувањето на браните и веќе намалениот притисок на водата за да се избегне целосен прекин во водоснабдувањето...

Каталонија се подготвува за вонредна состојба поради пресушувањето на браните и веќе намалениот притисок на водата за да се избегне целосен прекин во водоснабдувањето.
Водата за домашна потрошувачка во Барселона е загарантирана, но ќе биде ограничена. Ако не се промени ништо до јуни расположливите ресурси можно е да не бидат доволни во пресрет на туристичката сезона.
Сушата го зафаќа целиот медитерански слив. Андалузија, исто така, очекува лето со сериозни ограничувања.
