Култура

„Палјачи“ на сцената на Национална опера и балет на 7-ми февруари

01.02.2024 11:41

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“, на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев...

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7-ми февруари со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“, на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети-Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин – Дејан Стоев, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

 

Фото: НОБ