Политика

Касами: Разговарано е Таравари да биде претседателски кандидат

01.02.2024 12:14

Билал Касами, во интервју за националната косовска телевизија изјави дека на завчерашната средба во Приштина со косовскиот премиер Курти, се разговарало претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да биде претседателски кандидат на албанската опозиција во Македонија...

Лидерот на Беса, Билал Касами, во интервју за националната косовска телевизија изјави дека на завчерашната средба во Приштина со косовскиот премиер Курти, се разговарало претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да биде претседателски кандидат на албанската опозиција во Македонија.

Таравари потврдува дека партиите од албанскиот опозициски фронт му предложиле да биде нивен кандидат на претстојните избори, но вели дека не е заинтересиран да се кандидира.