Нашата краставица не оди на правците
„Жал ми е што морам да кажам, ама нашата краставица не оди никаде на правците“-кратко изјавил актуелниот Ф1 шампион по трката во Канада, пренесува германски Билд. Притоа се додава дека Фетел реагирал и на недостатокот на идеја на тимот во финишот на трката како и на лошата стратегија.Од тимот на Ред Бул велат дека ја разбираат фрустрираноста на шампионот се додека не му обезбедат доволно квалитетен автомобил за да се впушти во битка со Мерцедесите.

И додека Фетел е депримиран, неговиот клубски колега Рикардо по првата победа во кариерата ги живее деновите на славата. Се шпекулира дека веќе го продолжил договорот и за наредната сезона што ќе биде официјализирано на „домашната“ трка за ГН на Австрија и дека плановите на Ред Бул се да го задржи до 2018-тата година заедно со Фетел, иако по најновите изјави на германецот сето тоа е под знак прашалник.
Исто така се наведува дека основната плата на Рикардо е 3,65 милиони долари со бонуси од 1-2 милиона за победа.