Анкета ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Изборите се ближат, прогнозите зачестуваат. Како стојат партиите и политичарите на листите на кои се мери нивниот рејтинг. Македонската телевизија во соработка со Институтот за политички истражувања Скопје ги објави првите, од низата анкети, што ќе следуваат во наредниот период...

Анкета на Македонската радио-телевизија посветена на претстојните претседателски и парламентарни избори. Во фокусот првата и петтата изборна единица. За која партија ќе гласате на парламентарните избори. За единицата ова се резултатите, 20.6% се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10,4% за СДСМ, ДУИ ја добива довербата од 6.7% од анкетираните, додека Европскиот сојуз за промени 4,3%, 16,8% се изјасниле дека нема да поддржат ниедна партија, а не сакаат да кажат 15,1%.
На претстојните парламентарни избори во ИЕ 5, според анкетата, СДСМ има доверба од 13,6% наспроти ВМРО-ДПМНЕ 19.8%. За ДУИ се изјасниле 6.1%, а за Европскиот сојуз за промени 2.1 насто од анкетираните.
За претстојните претседателски избори во Македонија, во ИЕ 1 својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9.7%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 19.4%, за кандидатот на ДУИ 6,6%, а за кандидатот на Европскиот сојуз за промени би гласале 4,4% од испитаниците.
Во ИЕ 5 за претседателски кандидат од СДСМ би гласале 14.3%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 20.1%, за ДУИ 6.9%, додека пак 9.7%, од испитаниците рекле, ќе се определам откако партиите ќе ги соопштат кандидатите. Граѓаните сметаат дека под итно мора да се решат криминалот и корупцијата, економијата и животниот стандард.
Анкетата на МРТ е направена последната недела од јануари, во првата изборна единица анкетирани се 1.070 граѓани, а во петката 1.000. Маргината на грешка е плус-минус три насто.
Миле Ристески
