Чуварите на македонското небо го прославија 22-от роденден
Воздухопловната бригада со врвни професионалци работи на специфични мисии, од блиска воено-воздушна огнена поддршкана маневарските единици, заштита на македонското небо...

Чуварите на македонското небо го прославија 22-от роденден. Големата љубов кон летањето и предизвиците кои се дел од него се причината што овие луѓе се одлучиле на овој повик кој ги прави горди. Овој ден кај нив побуди емоции за почетоците, но и за постигнатото. Велат, ентузијазмот, мотивираноста и високиот морал биле предуслов за успешно реализираните задачи. Не ги забораваат и нивните колеги моровници што загинаа кај Катлановско Блаце и Попова Шапка.
„Создадовме воздухопловна бригада со целосен професионален состав, димензионирана за брзо распоредување, обучена, соодветно опремена и компатибилна спрема нашите потеби и стандардите на НАТО“, изјави полковник Кире Колевски, командант на ВБР.
Воздухопловната бригада со врвни професионалци работи на специфични мисии, од блиска воено-воздушна огнена поддршкана маневарските единици, заштита на македонското небо, преку обврските за извршување на меѓународни мисиии операции се до поддршка на институциите од справување со природни непогоди.
„Рзултатите кои ги постигнавте во изминатите две години се должат на вештините и способностите, но и на колективниот дух, врвниот професионализам и патриотизам кој уште од тогаш потекнуваат кај вас“, нагласи заменик- министерот за одбрана, Емил Димитриев.
Военото воздухопловство и против-воздушната одбрана се непосредни сведоци на промените кои се случуија во АРМ. Повеќе трансформации, командни реорганизации и кадровски зајакнувања. Сега се под една команда.
22 години припадниците на воздухопловната бригада останаа доследни во реализирањето на вредностите коишто се препознатливи под мотото „По патот на ѕвездите“, простор резервиран за најдобрите и најхрабрите.
Наташа Гркова-Петрушевска
