Протест на КСС поради измените во Законот за јавна администрација
На шверцерски начин без дебата, пратениците сакаат да ги донесат измените на Законот за административни службеници со кој се крати правото за усогласување на платите за 2024-та и се крши законот за минимална плата во членот 8. Ова го објави Конфедерацијата на слободните синдикати кои денес излегоа на протест …

Конфедерацијата на слободни синдикати на протест пред Собранието против поднесените измени во Законот за административни службеници. Работниците стравуваат дека се прави обид да се избегне усогласувањето на платите со зголемениот минималец. Од КСС обвинуваат дека решението се турка без јавна дебата и со европско знаменце.
На измените поднесени од Владата е потпишан министерот Алиу. Од неговата партија, Алијанса за Албанците сметаат дека решението е добро и во полза на граѓаните.
Но, КСС ги повика пратениците да не ги гласаат измените и побара да се организира јавна дебата.
Овој протест го поддржаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои до Собранието доставија 15 амандмани. На синдикалците им се приклучи и дополнителниот заменик-министер Андоновски.
Министерот Алиу рече дека законот се подготвувал седум години, а во процесот биле вклучени синдикатите и ВМРО-ДПМНЕ.
Викторија Милевска
