Македонија

По 15 години деблокирана општинската сметка на Ресен

01.02.2024 15:35

По повеќе од деценија, Општина Ресен почнува да функционира со деблокирана сметка. За последниве две години со сопствени средства исплатен е и долгот од 40 милиони денари. Градоначалникот Јован Тозиевски вели дека за општината се отвораат нови развојни хоризонти...

Во Министерството за финансии, Ресен е финансиски чиста општина. Акумулираните долгови уште од почетокот на 2009-та година и годишните просечни каматни стапки од 13,5 проценти, од денес се веќе минато.

Финансиските главоболки ги носела речиси една генерација административни работници. Нехру Сулејмановски зад себе има четири децении стаж. Вели, тешко беше во такви услови. Апелира да не се дозволи повторно да се случи нешто слично.

Оваа деблокада на сметката е уште позначајна, бидејќи не ја направивме со државна или кредитна помош, туку со сопствени средства и домаќинско работење. Состојба која отвора нови развојни хоризонти, вели ресенскиот градоначалник Тозиевски.

На сметката на Општината веќе има 12 милиони денари, што е добра основа за годишниот општински Буџет, кој изнесува околу 120 милиони денари.

 

Стевче Митревски