Комбинаторики за претстојните избори
Европскиот сојуз за промени го бара Таравари за претседателски кандидат. Тој не е заинтересиран за понудата. Продолжуваат партиските комбинаторики за претстојните избори…

Пред двојните избори се редат можни комбинаторики. Европскиот сојуз за промени со понуда до првиот човек на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари да биде нивен претседателски кандидат. Оттаму велат дека сè уште немаат договор за коалиција, но, оти има сигнали оти такво нешто може да се случи. Ама, понудата од Европскиот сојуз не е прифатлива за Таравари.
„Точно е дека албанската опозиција има разговарано со мене да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“, вели Травари.
За Алијансата во игра се неколку опции, откако лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски објави фотографија од средба со Таравари, на којашто се разговарало за реализација на програмата на Владата и за политиките за продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ. Нема информации дали на маса била и понудата којашто претходно ја добил Таравари од опозиционерите од албанскиот кампус.
Првите луѓе на Беса, Алтернатива, на Демократско движење и на Алијанса за Албанците деновиве во Приштина имаа средба со косовскиот премиер Албин Курти.
Игор Панов
