Гневот на земјоделците во Европската унија не стивнува
Освен во Франција, земјоделски протести има низ повеќе градови во Европа. Во обид да го смири гневот на фармерите, владата во Париз најави 150 милиони за сточарите …

Земјоделците од Епинал и од Вогезите на околу 400 километри од Париз и Брисел, на нивната блокада преку звучниците го слушаа премиерот Габриел Атал, кој зборуваше од Матињон, при што ја откри третата серија мерки за справување со гневот на земјоделците. Премиерот особено ја покажа својата желба да ја вклучи „целта на прехранбениот суверенитет во законот“, да го зајакне законот за Егалим за да ги заштити надоместоците на земјоделците. Ветувајќи даночна и социјална помош од 150 милиони евра, ќе бидат исплатени и на сточарите.
„Има работи што одат во добра насока. Сега треба да навлеземе во деталите за да ги анализираме сите овие мерки. Политичките говори се за да смират, да го намалат притисокот, за да на крајот од говорот сите бидат задоволни. Нас ни требаат датуми за најавените мерки и ми изгледа дека премиерот ја разбра ургентноста на ситуацијата“, изјави Филип Клеман одговорен за синдикатот ФДСА за Вогезите.
И покрај отстапките од Брисел, каде европските лидери, вклучително и Емануел Макрон, се состануваат овој четврток, гневот на земјоделците во Европската унија не стивнува, особено во Франција каде блокадите на стратешките оски продолжуваат веќе четврти последователен ден.
Иако гневот на земјоделскиот свет не се појавува на официјалното мени на Европскиот самит, тој има намера да остане запаметен во убавите спомени на собраните лидери. Десетици трактори се најдоа во близина на Европскиот парламент. Се очекуваат неколку стотици, велат организаторите.
Утрово, обвинителот на Кретеј дал упатства да се ослободат 79-те фармери кои беа приведени во полиција во средата попладне по упадот во магацините на големопродажниот пазар Рунгис, 15 извршиле кривични дела, но полицискиот притвор не овозможил откривање на сторителите. Отворена е прелиминарна истрага.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
