Хамилтон пред трансфер во Ферари

01.02.2024 18:32

Деталите од зделката се уште не се договорени. Доколку страните се договорат, Англичанецот ќе започне да вози за италијанскиот тим од сезоната 2025.

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон кариерата ќе ја продолжи во Ферари. Тој наскоро ќе потпише договор со тимот од Маранело, објави „AS“.

Деталите од зделката се уште не се договорени. Доколку страните се договорат, Англичанецот ќе започне да вози за италијанскиот тим од сезоната 2025. На 25 јануари Ферари објави продолжување на договорот со Шарл Леклер.

Во сезоната 2023, Хамилтон заврши на третото место во генералниот пласман на возачи со 234 поени.

Хамилтон (39) е седумкратен светски шампион и првиот Формула 1 возач во историјата кој постигнал 100 победи.