Македонија

Судскиот совет доби претставка, постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

01.02.2024 18:49

Претставката е поднесена од ССМ и веќе е распределена кај член на Советот.

Судскиот совет доби претставка за одлуката на Врховниот суд, зградата во којашто е сместен Сојузот на синдикатите на Македонија да ја преземе државата.

Претставката е поднесена од ССМ и веќе е распределена кај член на Советот.

Откако Врховен одлучи работничкиот дом да ѝ се даде на државата, Сојузот побара оставка од судиите кои ја донесоа пресудата за одземање на имотот и најави дека ако тие тоа не го направат, ССМ ќе бара нивно разрешување од судскиот Совет.