ПАРТИИ
ВМРО-ДПМНЕ: Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет
01.02.2024 19:28
На седницата на Централниот комитет, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев.
Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.
Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник.
На седницата на Централниот комитет, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.
