Свет
Бајден ѝ се заблагодари на Лајен за помошта на ЕУ од 50 милијарди евра за Украина
01.02.2024 21:06
Бајден истакна дека тоа е значаен пакет финансиска помош за Украина да продолжи да се бори против руската агресија...

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска телефонски и се заблагодари на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за тоа што ЕУ одобри помош од 50 милијарди евра за Украина, соопшти Белата куќа.
Бајден истакна дека тоа е значаен пакет финансиска помош за Украина да продолжи да се бори против руската агресија, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
