Мини-реконструкција на Кабинетот на Самарас

10.06.2014 15:26

Новиот министер за финансии е претставен во медиумите како освежување во кабинетот на Самарас по неговиот пораз и победата на левичарската Сириза...

Економистот Гикас Хардувелис е новиот министер за финансии, назначен во синоќешната мини-реконструкција на грчката влада. Хардувелис, професор по финансии на Универзитетот во Пиреја и главен економист на „Јуробанк“, го замени Јанис Стурнарас којшто ја водеше грчката економија од 2012-та досега во време на актуелната шестгодишна економска криза.

Новиот министер за финансии е претставен во медиумите како освежување во кабинетот на Самарас по неговиот пораз и победата на левичарската Сириза на изборите за Европарламентот минатиот месец.

Хардувелис ја презема позицијата во време кога Грција има растечки тренд на невработеност од 26 насто и нови преговори за заеми со меѓународните доверители при крајот на годинава.

Според најавите од Кабинетот на Самарас, Стурнарас  на 21 јуни, ќе биде назначен за гувернер на Банката на Грција.

Зоран Богатинов