Собрание

Седница на Комисијата за образование, наука и спорт во Собрание

02.02.2024 08:43

Членовите на Комисијата ќе расправаат за статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид (I Фаза), Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот за информатички науки и технологии...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата ќе расправаат за статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид (I Фаза), Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид мај 2022 – мај 2023, статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје за периодот мај 2022 – април 2023 година и годишниот извештај за работата на ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип за периодот 2022-2023 година.