Влада

Владата ги повлече од собраниска процедура измените на Законот за рестриктивни мерки

02.02.2024 08:58

Владата ги повлече од собраниска процедура измените на Законот за рестриктивни мерки, за корумпираните политичари кои се на црните листи на САД и на Велика Британија. Велат, потребно е ново административно одобрување на решението…

Владата ги повлече од собраниска процедура измените на Законот за рестриктивни мерки, за корумпираните политичари што се на црните листи на САД и на Велика Британија, кои екс-премиерот Ковачевски ги потпиша на последниот ден пред да поднесе оставка.

Оттаму велат дека е потребно ново административно одобрување на решението, што ќе се случи на наредната седница, по што измените повторно одат во собрание. Претходно, негативен став за измените искажаа Министерството за правда, но и сегашниот технички премиер Џафери.