Култура

Изложбата „Бескрајот на стените“ на Зоран Лазаревски од понеделник во МКЦ

02.02.2024 09:16

Циклусот на цртежи се работени во изминатите три години, а се реализирани и инспирирани од карпести делови, камени стени, природата воопшто. Цртежите се реализирани во надворешен амбиент користејќи се со различни видови на цртачки и сликарски техники и алатки...

Во понеделник, 5-ти февруари, во Галерија 1 при Младинскиот културен центар, а со почеток во 20 часот, ќе се реализира изложба на цртежи на академскиот уметник, Зоран Лазаревски.

Циклусот на цртежи се работени во изминатите три години, а се реализирани и инспирирани од карпести делови, камени стени, природата воопшто. Цртежите се реализирани во надворешен амбиент користејќи се со различни видови на цртачки и сликарски техники и алатки. Исто така дел од делата се пренесени дигитално на сликарско платно со цел да се долови една поинаква димензија на цртежот кој го имплементира авторот, истите се дополнително доработени, во техники кој авторот ги избира, а согласно потребата за реализирање на инспирацијата.

Зоран Лазаревски, роден 1949 година во Скопје, завршил училиште за применета уметност „2 Август“ во Скопје 1965-1970 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975 година, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика. Член на ДЛУМ од 1976 година. Самостојно изложувал на повеќе места, Скопје, Струга (93), Струмица (1993 и 2023 год.) Учествувал на сите групни изложби кој ги организирал ДЛУМ, како и излагања надвор од земјата. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Присутен е на Меѓународно графичко триенале на графика што се организираше, првото во Битола 1994 и претставник на редакцијата „Нова Македонија“ за доделување на наградата на весникот „Нова Македонија“ на сите графички триенала во Битола. Од 1975 до 2013 година е ликовен уредник на весникот „Нова Македонија“ и добитник е на специјална награда по повод 60 години на весникот за дизајн опрема на весници, книги, монографии, плакати, брошури и секаков вид на дизајн.