СДСМ: Влезе во Влада и смени лента, ДПМНЕ ги лажеше граѓаните за пасошите
Одеднаш нема ништо од законот, велат МВР работело со полн капацитет, дека проблемот не може да реши, соопштуваат од СДСМ..

ДПМНЕ до пред само неколку дена ги лажеа граѓаните дека ќе го решат проблемот со издавањето за пасошите. Велеа дека МВР не работело со сите капацитети, дека Спасовски не можел да го реши проблемот дека со закон ќе го пролонгирале важењето на старите пасоши, соопшти СДСМ.
Тоа беше пред ДПМНЕ да влезе во техничката Влада, а кога влезе во Влада, ДПМНЕ ја смени лентата. Одеднаш нема ништо од законот, велат МВР работело со полн капацитет, дека проблемот не може да реши, велат од партијата.
Министерот од ДПМНЕ се правда дека не може да прави „чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција. ДПМНЕ едно зборува, друго прави, но секогаш ги лаже граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.
