Жртви и повредени во експлозија на гас во Најроби
До несреќата дошло кога камион што превезувал гас експлодирал при полнење на боци, а пожарот се проширил и зафатил склад со текстил, околни станбени згради, деловни објекти и автомобили...

Стотици повредени и две жртви во експлозија на гас што се случила во индустриска зграда во кенискиот град Најроби. До несреќата дошло кога камион што превезувал гас експлодирал при полнење на боци, а пожарот се проширил и зафатил склад со текстил, околни станбени згради, деловни објекти и автомобили. Причината сè уште се утврдува
„Плинот ги разнесе продавниците и куќите на луѓето. Има повредени и загинати. Некои се борат за живот“, вели Виктор Оманга, жртва на пожарот.
„Трагедија се случи додека спиевме. Истрчавме од областа да побегнеме. Некои луѓе изгореа, а јас ја скршив ногата“, рече Роселин Нијавер, жителка на Ембакаси.
