ВМРО-ДПМНЕ: Има разлика, со СДС нема повеќе држава
СДС и ДУИ ја уништија државата, наместо подобро како што ветуваа, се не само што направија полошо, туку и го уништија и тоа што функционираше. СДС и ДУИ седум години кажуваа само лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ …

Ветуваа нов клинички центар во Скопје, ветуваа дека ќе го завршат новиот клинички во Штип, но од ова ништо не реализираа. Редеа само скандали, местење на тендери, обиди за распродавање на јавното здравство, крадење лекови од граѓаните како скандалот Онкологија. Медицинскиот кадар го заборавија, наместо да го задржат го мотивираа да замине. Немаше доедукации, немаше соодветни планови за вработување на медицинскиот кадар, соопштуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар и ќе инвестира во инфраструктурата во здравството. Регионализацијата ќе биде приоритет, бидејќи само така може да се растерети кампусот клиники Мајка Тереза. Во иднина ќе се реализираат едукации и доедукации за медицинскиот кадар, ќе се направи кадровска стратегија со цел да се задржи медицинскиот кадар во Македонија, велат од партијата.
Ревидирањето на позитивната листа на лекови ќе биде приоритет, бидејќи лекувањето со нови лекови им е недостапно на пациентите. Јавното здравство е столб на целиот здравствен систем. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на постигнување ефективност, ефикасност и економичност. Едноставно е, има разлика СДС ја уништи државата, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата, ја враќа вербата, се вели во партиското соопштение.
