МВР

Казнети 224 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

02.02.2024 10:01

о текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место, стои во соопштението.