Хамас со позитивни сигнали за предлогот за примирје
Хамас ги даде првите позитивни сигнали за францускиот предлог за хуманитарна пауза и размена на заложници со затвореници – соопшти Катар...

Меѓународната заедница се обидува да ги намали тензиите на Блискиот Исток додека се повеќе земји се залагаат за решение со две држави. По ставот на САД, и Велика Британија смета дека тоа е решение за долгорочен мир, но не додека Хамас делува во Газа.
„За да се случи тоа, потребни се многу чекори вклучително и лидерите на Хамас да ја напуштат Газа затоа што не можете да имате решение со две држави со Газа сè уште контролирана од народот одговорен за 7-ми октомври“, изјави Дејвид Камерон, министер за надворешни работи на Велика Британија.
Хамас ги даде првите позитивни сигнали за францускиот предлог за хуманитарна пауза и размена на заложници со затвореници – соопшти Катар. Милитантната група вели дека добила предлог за трифазно примирје, вклучително и шестнеделна пауза во борбите. Според израелските власти, во Газа сè уште се држат 132 заложници, а се верува дека од нив 27-мина се мртви.
