Сообраќај

МВР: 106 санкции за непрописно вградени фолии

02.02.2024 11:12

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци...

Во периодот од 01.01.2024 до 31.01.2024 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.