аерозагадување

Скопје утринава трет најзагаден град во светот

02.02.2024 11:56

Со индекс на квалитетот на воздух од 162, аерозагадувањето во главниот град во моментов е штетно по здравјето...

Скопје утринава е еден од најзагадените градови во светот. На интернет страницата „Ај-Кју-Ер“ која го мери загадувањето на воздухот во светот, утрово македонската метропола се најде на третото место во светот, како град во кој се дише многу загаден воздух.

Со индекс на квалитетот на воздух од 162, аерозагадувањето во главниот град во моментов е штетно по здравјето. Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките, во Скопје моментално е 15,4 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на СЗО.

Прв на листата утринава се најде главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со индекс на квалитет на воздухот од 212.