Двата клучни синдикати на земјоделците во Франција ги прекинаа протестите
Најголемиот синдикат на земјоделците ФНСА и Младите земјоделци, повикаа на отстранување на блокадите уште синоќа по серијата владини отстапки. Кои Франција ќе ја чинат околу 400 милиони евра. Од Брисел исто така се изнудени отстапки, но земјоделците иако започнаа со подигање на блокадите сега велат дека сакаат зборовите да се претворат во дела...

Уште во текот на ноќта, префектурите пријавија укинување на блокадите речиси насекаде во земјата, или во најмала рака намалување на бројот на блокади. Некои од земјоделците останаа цела ноќ на блокадите.
Двата мнозински синдикати ги бараат „првите резултати“ пред Саемот за земјоделство (24 февруари – 3 март), потоа усвојување на закон за идните земјоделски ориентации и европски мерки до јуни, во спротивно тие ќе продолжат со мобилизацијата.
Од своја страна, Селската конфедерација повика на „продолжена мобилизација“ бидејќи „основното прашање за приходот“ според неа „сè уште не се решава директно од страна на владата“.
Малку сме огорчени, малку задоволни, и сега очекуваме тоа да биде на писмено, Значи „чекаме писмени и брзи мерки. И ние сме тука да провериме дали ќе го направат тоа што го ветија“, вели Селин Вание, земјоделка.
Министерот за земјоделство Марк Феснеу патува во Гард и Херо овој петок „да претстави конкретни мерки“ за поддршка на лозарите.
Вчера премиерот најави зајакнување на Егалимските, по наше рамноправните закони кои имаат за цел да ги спречат производителите да ја платат цената на жестоката ценовна војна меѓу супермаркетите од една страна и дистрибутерите и добавувачите на агроиндустријата од друга страна.
„Сите големи марки на супермаркети ќе бидат контролирани во наредните денови без исклучок. Над 500 договори со главните добавувачи ќе бидат контролирани“, изјави Бруно Ле Мер, министер за финансии и економија.
За фитосанитарните производи, владата исто така се откажа, ветувајќи особено дека планот Екофито насочен кон намалување на употребата на пестициди ќе биде „паузиран“, мерка опишана како „големо назадување“ од еколошките невладини организации.
На критиките дека овие мерки се на штета на екологијата премиерот одговара.
„Ние ќе ја браниме еволуцијата на односот на необработеното земјоделско земјиште, особено на европско ниво за подобро да ги заштитиме нашите ливади кои се важни за пејзажот и климатските промени. Во случаи кога фармерите мораат повторно да имаат ливади, иако престанаа со одгледување стока“, изјави Габриел Атал, премиер.
Од Брисел претседателот Емануел Макрон, кој учествуваше на Европскиот самит под силен притисок на заемјоделците кои ги блокираа европските институции, со смирувачки пораки дека изнудил нешто од ЕУ за увозот од Украина и договорот Меркосур.
„Добивме за увозот на житариците да има засилен механизам за заштита, кој ќе дозволува интервенција ако житариците кои доаѓаат од Украина на европскиот пазар и ги дестабилизираат цените и создаваат нелојална конкуренција. Во однос на предложениот текст на договорот Меркосур, тој е суспендиран како што побаравме, и нема да биде склучен како што некои се закануваа дека ќе го сторат тоа“, изјави Макрон.
Според Берси, вонредните мерки претставуваат вкупно околу 400 милиони евра. Габриел Атал во четвртокот зборуваше за 150 милиони евра даночна и социјална поддршка за сточарите.
Тони Гламчевски
