Македонија

Стандардот да се подобри со повисоки примања, не со мерки, велат граѓаните

02.02.2024 13:35

Финансиска поддршка за пензионерите, субвенциониран оброк за учениците, субвенциониран превоз за студентите, поддршка за земјоделците, ваучери за инвертер клими. Поголем дел од овие мерки важат до изборите...

Финансиска поддршка за пензионерите, субвенциониран оброк за учениците, субвенциониран превоз за студентите, поддршка за земјоделците, ваучери за инвертер клими. Поголем дел од овие мерки важат до изборите. Прашањето е дали долгорочно ги решаваат проблемите на граѓаните? Дали се антикризни или предизборни, популистички?

Стандардот на граѓаните може да им се подобри со повисоки примања, а не со мерки, велат граѓаните со кои поразговаравме. За да веруваат во намерата дека некој сака да им ја олесни живејачката, велат дека мерките треба да важат и по изборите.

Нашиот народ има доволно искуство за да ги препознае предизборните активности и се потешко е да се убеди да гласаат или да не гласаат за одредена политичка партија, вели комуникологот Кордалов.

Кордалов апелира, мерките да се носат пред сè со стратегија и план во консултација со синдикатите, на начин, на кој ќе бидат наменети за оние кои се однесуваат за да имаат ефект и да се сфатат правилно.

 

Александра Велинова