ФЗОМ

ФЗОМ од понеделник стапува во штрајк

02.02.2024 13:37

Од понеделник 05.02 синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Според нив, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи...

Од понеделник 05.02 синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Според нив, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.

Па така, само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи. Вработените се заблагодарија за досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на работниците во ФЗОМ и имаат разбирање за нивниот проблем со платите.

По тој повод најавија прес-конференција за в понеделник во 11:30 пред просториите на Фондот.