Парламент
Измените во Изборниот законик сè уште не се стигнати во Собрание
02.02.2024 13:44
Власта и опозицијата го чекаат датумот за гласање, но сè уште се чекаат измените во Изборниот законик.

Техничката влада подготвена. Власта и опозицијата го чекаат датумот за гласање, но сè уште се чекаат измените во Изборниот законик. Иако поминаа два месеца од подготвената верзија на работната група, законот и натаму го нема во собраниска процедура. Останува неизвесно дали ќе биде прифатено укинувањето на платеното политичко рекламирање.
Марина Стојанова-Тонева известува од Парламентот.
